The best bookmaker bet365

Дървен материал от www.emsien3.com

Печати

ШТО СЕ ПЕЛЕТИ?

divider

Пелетите се вид на енергенс, мали цилиндри со дијаметар од 6мм, добиени со пресување на дрвна биомаса. Бидејќи се добиени од дрво, пелетите се обновлив извор на енергија и при нивното согорување не ја загадуваат околината. Моментално се најефтиниот енергенс мерено по добиена енергија/цена на чинење во цела Европа.

Пелетите се добиваат преку технолошки процес во која како суровина се користат дрвен чипс или дрвена пилевина. Чипсот и пилевината се дробат додека не се добие дрвно брашно кое потоа се пресува на висока температура и притисок за да се добијат пелетите. При нивното производство не се користат никакви хемикалии или адетиви. Сврзната компонента лигнин доаѓа од структурата на самото дрво.


Пелетите се подобри од другите енергенси поради:


1. Нивната цена

Високо квалитетните пелети кои ги произведува и нуди АЛПИН ПЕЛЕТ имаат калорична моќност повисока од 4,5 МWh/t. Тоа значи дека еден тон пелети заменува:

  • 500 литри нафта за домаќинство
  • 4 м3 огревно дрво со влажност помала од 25%
  • 4,5 MWh електрична енергија

Со сегашните цени на овие енергенси на пазарот, пелетите се убедливо најефтиното решение за загревање на вашиот дом.

 razlika

                                                         

2. Удобноста при користењето

Печките и котлите на пелети се производ на технологија која се усовршува повеќе од 30 години. Денешните камини и котли на пелети поседуваат карактеристики кои ги прават неверојатно лесни и едноставни за употреба. Нивното целосно автоматизирано работење и високиот степен на полезно дејство ги прават најконкурентен уред на пазарот. Се што треба да направи корисникот е да ја подеси собната температура и потоа каминот самостојно се регулира. Чистењето е брзо и едноставно и се прави еднаш на 2-3 дена.

 

3. Пелетите ја чуваат околината и се обновлив извор на енергија

Во составот на пелетите влегува само дрво кое е целосно природен материјал. Пелетите при нивното согорување ослободуваат онолку ЦО2 колку што дрвото апсорбирало при неговото растење. Пелетите исто така се обновлив извор на енергија и со тоа може да се гарантира нивната долгорочна ниска цена во споредба со необновливите енергенси како што се фосилните горива (нафта, јаглен итн.)

 

АЛПИН ПЕЛЕТ ви го гарантира снабдувањето со квалитетни пелети секој сезона. Пелетите кои ги произведува и нуди АЛПИН ПЕЛЕТ имаат:

 

logo i premium

  • висока калорична моќност поголема од 4,5KWh/kg - повеќе топлина при согорувањето
  • ниска влажност помала од 10% - подобро согорување и полесно палење
  • помалку пепел од 1% - поретко и полесно чистење
  • без присуство на прав во вреќите
  • без хемиски додатоци или примеси - нема штетни гасови при согорувањето.




pellets bg

Online bookmaker Romenia betwin365.webs.com